Како Биле Поимани Македонците во Стара Грција, Рим и Подалеку

Continue reading “Како Биле Поимани Македонците во Стара Грција, Рим и Подалеку”

Advertisements

Бакминстер Фулер: Прирачник за управување со планетата Земја

R. Buckminster Fuller: Operating Manual for Spaceship Earth; 1968 

 

  1. РАЗБИРАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ТЕНДЕНЦИИ

Во себе чувствувам верба во поглед на изумите на човештвото. Некои од овие изуми се извонредни и понекогаш пристигнуават во вистинско време. Ако си преживеал бродолом и околу тебе нема ниту еден спасителен чамец, не ти останува ништо друго освен да се послужиш со поклопецот од пијано или друг предмет кој има својство да плови на површината. Тоа не значи дека најдобриот изум за преживување на бродолом е предмет во облик на поклопец за пијано. Сметам дека премногу се наслонуваме на такви предмети, во смисол, се служиме со изуми од минатото за кои сметаме дека се единствен начин за решавање на одредени проблеми. Човековиот мозок постојано се соочува и спроведува разни појави и искуства. Во тој поглед, само умот ја има способноста да ги спознае општите принципи кои без исклучок им подложат на сите посебни појави и искуства, кои доколку бидат откриени и научени, можат да ни дадат предност во способноста да се справиме и да се поставиме соодветно пред секоја таква појава. Continue reading “Бакминстер Фулер: Прирачник за управување со планетата Земја”

Крајот на книгата Eyeless in Gaza од Алдоз Хаксли

„…како парче месо“, ги изусти зборовите со згрозен израз на лицето.

„Зошто размислуваш така“? ја запраша тој.

„Затоа што е вистина. Јас сум за никаде“.

„Нема потреба да се чувствуваш така“.

„Не можам поинаку. По природа сум за никаде“.

„Навистина не си“, инсистираше тој. „Самата кажа пред малку…кога Еки беше со тебе…“

„В ред. Тогаш не бев за никаде“.

„Ако си била или не си била нешто еднаш, можеш да бидеш или да не бидеш повторно“.

„Не без него“.

Тој кимна со главата. „Да, можеш да бидеш ако сакаш. Се работи за личен избор. Донесуваш одлука и вложуваш труд за да ја исполниш одлуката, за да бидат нештата како што треба да бидат“.

Continue reading “Крајот на книгата Eyeless in Gaza од Алдоз Хаксли”

Франко Берарди: Човекот во инфосферата

Франко „Бифо“ Берарди е член на движењето post-operaist, основач на пиратската радио станица „Radio Alice“, уредник на форумот Recombinant и активен учесник во движењето Tele-street. Берарди, кој предава уметност на ликовната академија во Милано, има одличен слух за современите ретроградни влијанија и состојби како што се изнемоштувачките работни услови, краткорочните договори, антидепресивите, кредитните картички, паметните телефони и така натаму. Во книгата The Soul at Work тој ги објаснува точките на еволутивната транзиција во минатите 30-40 години: од оттуѓување до автономија, од себепотиснување до незауздано изразување на егото, од надежта и копнеењето на схизо активизмот до рассеаната и потиштена субјективност на фарматолошкиот Web 2.0  жител на денешницата.

Continue reading “Франко Берарди: Човекот во инфосферата”

Др. Дон Бек: Стадиумите на општествениот развој

Dr. Don Beck: Стадиумите на општествениот развој

Културните динамики што го поттикнуваат насилството, создаваат просперитет и ја обликуваат глобализацијата

Дебатите и недоразбирањата околу глобализацијата претставуваат само судир на површината помеѓу луѓето и нивните различни светогледи. Под површината на секој светоглед се наоѓаат тектонските плочи на влијателните култури во светот. Оние што ги истражуваат овие феномени како да не забележуваат дека под секоја социо-економска, културна и цивилизациска промена има постојано движење и триење на живите тектонски плочи . Кај голем број луѓе постои недостаток во сфаќањата и во односот кон суштината на вредностите што секоја култура ги содржи како засебни еволутивни спреги. Тоа доведува до непотребни судири помеѓу различните начини на живот. Continue reading “Др. Дон Бек: Стадиумите на општествениот развој”