Неколку мудрости на Чуанг Це

Чуанг Це бил пред умирање. Неговите ученици се растрчале за да му приредат впечатлив погреб, но тој ги одвратил од намерата:

„Та зошто се потресувате?! Небото и земјата ќе бидат мојот ковчег. Сонцето и месечината ќе ми бидат драгите камења. Планетите и соѕвездијата ќе светат околу мене како златници. И сите битија на овој свет ќе ми дојдат на поменот да се поздрават. Има ли потреба од толку многу церемонии? Сè е решено – дури и повеќе од тоа“! Continue reading “Неколку мудрости на Чуанг Це”

Advertisements

Таен еликсир на младоста

Комбухата е рецепт за кој се вели, е стар повеќе од две илјади години. Велат дека потекнува од Кина но објаснувањето за потеклото на рецептот и габата на страната на Википедија е поматено со јапонски и кинески интерпретации. Сигурно не е толку важно од каде потекнува колку што е важно што може да направи комбухата за нас.

Continue reading “Таен еликсир на младоста”

Нервозните скопјани и (не)зеленилото

Што ќе се случи откако градот Скопје ќе ја проголта и последната зелена површина во неговата урбана утроба? Тогаш неговите жители ќе бидат целосно обоени во бетонско-сивиот дезен на улиците, засенети од цела згради со балкони што меѓусебно се допираат. Тогаш птиците целосно ќе се отселат во околните планини, а смогот докрај ќе ја резигнира нашата последна надеж дека можеме да се избориме за рамнотежа помеѓу апетитот за финансиска комоција и „потребата“ да се живее во метропола „под напон“, налик оние во американските филмови.

Но дали наспроти брзоплетата логика на индустријата и „пазарите“ луѓето помислуваат на ефектот што растенијата го имаат врз човековата психа? Ќе биде добро некој да ни докаже низ бројки и податоци зголеменото отсуство на зеленило придонесува до зголемување на нервозата кај луѓето. На дилемата урбан наспроти одржлив развој ќе и пристапам преку интуитивната логика на предисториското живеење, гледано преку призмата на човековата еволуција.

Continue reading “Нервозните скопјани и (не)зеленилото”

Начинот на Чуанг Ѕ

***********
Кога животот беше исполнет
Не постоеше историја

На времето, многу одамна, кога животите на луѓето им беа природно исполнети, никој не им придаваше особено внимание на големите луѓе, ниту пак некој ги двоеше луѓето на способни и неспособни, на уки и неуки. Луѓето што ја исполнуваа улогата на владетели всушност беа само како највисоките гранки во коријата- а сепак дел од истата шума. Во тие времиња луѓето беа како елени под дрвјата. Тие беа чесни и праведни без да знаат дека со тоа “си ја вршат својата природна должност“.
Continue reading “Начинот на Чуанг Ѕ”

Неколку песни/мисли на Лао Ѕ

Следуваат неколку поглавја од книгата „Начинот на Тао“ која е збирка на мудростите на кинескиот „филозоф“ Лао Ѕ.

 

Тао го нарекуваат Големата Мајка:

Таа не располага со сила, а сепак,

нејзината моќ е неисцрпна.

 

Таа раѓа бесконечни светови

И секогаш можеш да ја пронајдеш во себе.

Од неа човекот може да се храни онолку

колку што му е потребно.

Continue reading “Неколку песни/мисли на Лао Ѕ”