Неколку мудрости на Чуанг Це

Чуанг Це бил пред умирање. Неговите ученици се растрчале за да му приредат впечатлив погреб, но тој ги одвратил од намерата:

„Та зошто се потресувате?! Небото и земјата ќе бидат мојот ковчег. Сонцето и месечината ќе ми бидат драгите камења. Планетите и соѕвездијата ќе светат околу мене како златници. И сите битија на овој свет ќе ми дојдат на поменот да се поздрават. Има ли потреба од толку многу церемонии? Сè е решено – дури и повеќе од тоа“!

На ова учениците му приговориле: „Но, учителу… не сакаме гавраните да го исколваат нашиот учител“!

„Не грижете се“, им одговорил Чуанг Це. „На земјата телото ќе ми го колваат гаврани. Под земјата ќе ме јадат мрави и црви. Што толку имате против птиците“?

chuangtzu

 

Луѓето од старото време не беа стрвни по животот.

Ниту се плашеа од смртта.

Нивното доаѓање на светот поминуваше без наддадено значење.

Нивниот залез во другиот свет не наидуваше на отпор.

Тие тивко се раѓаа и со лесно заминуваа.

И не забораваа од каде потекнуваат, ниту каде ќе стигнат.

Не им значеше многу да имаат амбиции за имот и напредок.

Тие животот го прифаќаа со лесно. Смртта ја прифаќаа безгрижно.

И заминуваа далеку, далеку.

chuang-tzu

Замонашениот мудрец Хсу Су Куаи одлучил да се одважи на повикот за средба што му го пратил Принцот Ву.

Принцот ѝ се радувал на посетата и му рекол на Хсу: „Подолго време посакував да те видам. Сакам да ми кажеш дали постапувам добро. Имам желба да му покажам на мојот народ колку го сакам. Сакам со примена на законите да ѝ ставам крај на војната. Дали е ова доволно?“

„Во ниеден случај“, рекол самотниот Хсу. „Твојата ‘љубов’ за народот, ќе ги доведе луѓето до смртна опасност. Кога се постапува според законите за да се задоволи правдата, општеството се тетерави од една до друга војна.

Твоите големи намери ќе завршат со катастрофа!

Желбата да ‘направиш големо дело’ само ќе те доведе до заблуда. Правдата и љубовта со кои се гордееш, се лажни. Ова е само твојот изговор за да се наметнуваш. Така од еден ќе преминеш на друг и трет зафат. Во низата од настани  ќе се видат твоите намери.

Тврдиш дека ќе ја задоволиш правдата. Доколку ти успее, самиот успех ќе создаде нови судири.

Зошто се сиве овие стражари  на готовност пред палатата, околу храмот, насекаде?

Ти си во војна со самиот себе. Ти не веруваш во правдата, туку во моќта и во успехот. Ако го победиш непријателот и му ја присвоиш земјата, тогаш мир ќе има уште помалку од пред тоа, а ти ќе бидеш уште понемирен од сега. Тогаш твоите страсти сигурно нема да се помират. Ти ќе продолжиш да влегуваш во уште една борба и уште една, за твоето мнение за ‘правда’ да биде задоволено до крај.

Откажи се од твојот план да бидеш ‘сакан и праведен водач’.

Обиди се да ѝ одговориш на потребата од внатрешен мир. Престани да се опседнуваш себе и да го опседнуваш народот со горливи прашања. Дури тогаш луѓето ќе можат да дишат мирно. Така народот ќе живее, а војната ќе се победи самата себе.

Chuang-Tzu-and-Nature

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s