Како Бушмените ја лекуваат „Ѕвездената болест“

Bushmen-Dance-ArtКога Бушмените ги играат нивните ора за прочистување на душата, во секој од нив се пренесува лековитото својство што го поседува нивниот главен врач. „Лекот“ почнува да делува кога телото на врачот ќе се загрее додека тој ги одигрува движењата на орото, како и од топлината на огнот кој е во непосредна близина. Лекот го пади злото и болеста која племето Гикуе ја нарекува „ѕвездена болест“. Оваа болест не се покажува преку одредени симптоми, туку претставува некаква тегоба која заедно со злото ја испраќаат духовите на умрените. Дека во текот на орото навистина делува моќен лек, може да се види од тоа што врачот станува замаен во својот транс, се тресе, извикува, очите му се превртуваат наназад, паѓа во огнот или си го „мие“ лицето со врела жар – а тоа не му нанесува повреда. Кога врачот ги протрива другите племенци со своите врели раце, тогаш ѕвездената болест ги напушта нивните тела, се населува во неговото тело за потоа тој, со извикување и пискање, да ја испушти во воздухот, со што ќе им ја врати назад на духовите на умрените.

Постојат разни видови „лекови“ кои ги поседуваат племињата на пустината Калахари. Секоја од групите што ги сочинуваат племињата Гикуе, Кунг, или било кое друго племе на Бушмените, поседува одредена комбинација на лекови. Некои од групите, на пример, располагаат со лекот на жирафата, дождот и орикс антилопата. Други го имаат лекот на јазовецот, огнот и орикс антилопата. Групата на Укване го има сонцето, гулабот и антилопата. Антилопата ја има во секој лековит спој на врачевите, бидејќи ова животно на лицето има црни пруги, а тоа за Бушмените подразбира лековито својство.

Во песните на врачевите нема зборови. Овие песни на бушменските племиња Гикве и Кунг во сон им ги дал големиот бог (Пишиборо), преку неговите пратеници – духовите на умрените. Духовите доаѓаат до човекот што спие и му ја дошепнуваат во сонот врачевската песна. Штом се разбуди, врачот им ја препева песната на членовите на неговата заедница.

ef8dc92b5dd01eee1461c46ea960833fЗа време на ората, жените пеат, а мажите играат и ги лекуваат останатите. Секој полнолетен човек станува врач веднаш штом ќе премине во групата на мажи, а тоа станува откако младиот ќе го убие неговото првото копитасто животно. За полнолетното машко да стане врач, прво треба да биде назначено од страна на постар врач. Иако секој Бушмен може да биде врач, малкумина од нив откриваат дека ја поседуваат вистинската сила за лекување. Токму овие врачеви се оние што ги играат ората, што паѓаат во транс и што го падат злото од другите луѓе. Укване е таков врач. Ниту еден човек од оние што тој ги излекувал не умрел, вели тој, но како што го навјасуваат годините, така му се трошат и силите, па затоа повеќе не ги игра ората за прочистување. Во неговата група, врачот што ги има тие сили сега е Гаи.

Ората за прочистување се голем настан во животот на Бушмените. Обично тие се одигруваат ноќе и траат до самото утро. Секој поединец во групата учествува во орото- секое машко што може самостојно да стои и секое девојче што може да пее заедно со жените, а можат да играат и жените, доколку сакаат. Помеѓу ората, луѓето зборуваат, јадат и пушат тутун, или пак одат да поспијат малку па се враќаат назад. Сè на сè, ората се социјални збиднувања и прочистувачки церемонии кои можеме да ги наречеме неформални ритуали затоа што во нив секој си поминува убаво.

Во секој случај, под неформалноста на настанот се проткајува некаква магија што сите ја земаат крајно сериозно, затоа што, благодарение на таа магија Бушмените се штитат од мрачните сили што се наоѓаат во самите нив и во нивните краишта. Ората се единствениот начин преку кој тие си ги штитат животите од предавство и неединство, од глад и жед, од болест и смрт. Преку нивните ора Бушмените му противречат на самиот голем бог и на неговите пророчни пратеници- духовите на умрените.

Обредот за прочистување започнува кога жените ќе седнат во круг (додека малечките им спијат повоени и виснати врз грбот) и ќе почнат ги пеат врачевските песни со фалсето гласови, плескајќи со рацете во остри, стакато удари, наспроти ритмиката на песната. Зад нив се мажите, кои се свртени со грбовите еден зад друг; мажите се движат пополека во круг и цупкаат по земјата со кратки и одлучни чекори, кои исто така паѓаат помеѓу ритмиката на плескањето и пеењето. Одвреме на време и мажите изустуваат по некој дел од песната, со длабоки гласови. На целото звучно дејствие дополнителен ефект му додаваат драматичните звуци на ѕвечките, изработени од кожурци од инсекти и се поврзани со суви жили од животинско потекло, кои на мажите им се врзани околу глуждовите. Орото на Бушмените е неверојатно комплексен редослед од гласови и ритам – оркестар од тела, кој музиката ја изведува секогаш на различни начини и секогаш со неверојатна прецизност.

bots-bush-dt-2007-30_screenПодеднаквата грижа и влог во ова совршенство доаѓаат како резултат на долгогодишното одигрување на ората. Бушмените почнуваат од мали нозе и работат на вештината и на прецизноста на тактот целиот свој живот. Дури и танцовите ѕвечки се изработуваат со големо внимание. Оние што ги носи Гаи, кои се нишаат на ветерот од гранката што фрла сенка врз неговата колиба, се составени од околу шеесет кожурци за една ногавица. Кужурците бидуваат отворени за од нив, со голема вештина и прецизност да бидат измолкнати ларвите, и потоа одново се затворени. Во секој кожурец има од десет до двадесет парченца од лушпа од ноево јајце, и секое парче е изделкано да биде округло и во еднообразна големина како и останатите. Секој пар ѕвечки се очекува да трае колку еден човечки живот, а можеби и подолго. Оние на Гаи делуваат како да се постари од него.

Денот пред да замимене, групата на Укване и нивните посетители од Окуа, одлучија дека сите заедно сочинуваат доволен број за да одржат обред. Тоа, според нив, најверојатно ќе ја избрка лошата суша или ќе го ослободи просторот од чувството на љубомора што поединци го имаат еден за друг. Вообичаено е ората да се одигруваат ноќе, но овој пат, од внимателност кон нас, групата се одлучи да игра на дневната светлина за да можеме да ги снимаме. Најдовме погодно место за снимање, собравме доволно гранки бидејќи ќе бидат потребни за огнот кој мора да пламти– без разлика колку е топло преку ден. Додека се подготвуваше просторот, шесте момчиња стануваа сè повозбудени, ги пробуваа танцовите ѕвечки, играа во мали тесни кругови и ги тегнеа постарите за рака за овие поскоро да го започнат обредот.

Некои од жените беа расположени за пеење, додека на другите им било премногу жешко и се чувствувале уморени; сепак, мажите одеа наоколу и ги поттикнуваа сите на учество. Најпосле, Твикве и Дасина отидоа на местото што беше посочено за обредот, седнаа еден до друг покрај огнот, со грбовите свртени наспроти останатите, и почаа да пеат. Прво отпејаа неколку реда, потоа зборуваа меѓусебе и потоа одново започнаа да пеат. Ним им се придружи Тсечве, кој седна покрај нив и почна за пее внесен во неговиот пој. Тројцата делуваа мошне мали, налик жаби или штурци, така седнати во тревата, но од местото се крена орна песна. За да ги привлечат жените, овие почнаа да ги извикуваат стиховите на цел глас, со заглушувачка јачина.

По недолго, неколку од жените им се придружија неколку жени, а пеењето зазема нов облик – гласовите се сменија и се разложија во неколку такта и тонови.  Конечно, останатите мажи се придружија и започнаа да играат во кругот, кенкајки ги низ грлата нивните стихови. Надоаѓањето на нивните гласови беше нагласено од силното стакато на ѕвечките.

Се насобраа други мажи кои играа во полн ек. Мускулите околу вратот им беа затегнати и беа толку орни и живи во песната и играњето што личеа на машки антилопи кои отскокнуваат од високата трева на саваната. Сонцето печеше силно и воздухот беше жежок. Од огнот извираше топлотен бран кој трепереше додека се креваше нагоре. Околу орото се беше насобрала топлина, а мажите играа се побрзо и побрзо. Одеднаш Гаи ги фрли рацете нагоре и со силен писок се струполи на земјата. Телото му тресна рамно и стегнато, а со главата удри во подот. Укване го крена под рамената додека Гаи се превиткуваше и стенкаше, и го тргна настрана од кругот на орото. Тој беше во длабок транс. Укване го вардеше телото на Гаи бидејќи неговиот дух беше отиден некаде далеку.

Бушмените велат дека лекот што го поседува врачот оживува кога неговото тело ќе стане топло од играњето и од огнот. Во тие мигови, духот може да го напушти, што прави телото да висне затоа што во него нема што да го држи исправено. Духот знае да лета низ пустината, во потрага по лошото што ги измачува луѓето. Некои врачеви ги виделе духовите на умрените, а некои го виделе и големиот бог. На еден друг обред на кој присуствувавме, духот на еден од мажите одлета во пустината и стигна до глутница од лавови кои ги вознемирувале племенците со нивното постојано присуство и близина, и со нивните оглувувачки ноќни рикања. Духот на овој човек зборувал со лавовите, им се спротивставил и им наредил да си одат, а лавовите го послушале и повеќе не ги опседнувале луѓето.

XanamaKDКога се враќа духот во телото, врачот доаѓа на себеси, како што дојде при себе Гаи. Тој в миг стана и се вдаде во силен трк. Кога стигна некаде далеку од обредното место, тој испушти силен крик и потоа се залена назад кон огнот. Редот од мажи во орото го проби како што ветер поминува низ суви лисја. Останатите се поттргнаа настрана и повторно ги збија редовите отако овој помина.  Гаи испушти уште еден крик, се сврте и повторно се залета кон огнот, како бик во трк. Овој пат Укване го фати за рацете и иако овој силно влечеше напред, Укване го држеше со сета сила и го влечеше наназад. Гаи падна главеечки во огнот, по што му пламна косата. Укване го зграпчи и почна со дланките да удира по жарот на неговото теме, фрлајќи искри насекаде, додека Гаи со отворена уста и здивени очи се бореше и конечно се оттргна од рацете на Укване. Потоа отчекори до огнот, добро ги измачка рацете во пепелта и отиде до една од жените во кругот што пее; едната рака Гаи ја намести на градите на жената, другата на грбот, и започна да вика и да се тресе додека го влечеше злото од нејзиното тело. Потоа се исправи и одеднаш низ силен псикот го фрли злото во воздухот. На овој начин Гаи ги излекува сите луѓе во групата, а зад него одеше Укване кој го придржуваше за овој да може да стои исправен. По кратко време, Гаи повторно падна, целосно истоштен. Дојдоа двајца, го фатија за нозете и го одвлекоа под сенка.

Кога го погледнав очите му беа затворени, а клепките набабрени. Делуваше како да е онесвестен.  Здивот рапаво му шиштеше од устата и од ноздрвите. На вратот и на градите му е познаваше пулсот и брзото биење на срцето, но со него беше се в ред и никој не му обрнуваше внимание. До него доползе неговото малечко и започна да го зјапа во изнемоштеното лице.

Во меѓувреме, од телата на племенците испаруваше пот; отпрва таа делуваше жолта, но набргу стануваше бела од пепелта што се рееше околу нив. По некое време на жените им здодеа да пеат и на лицето им се отчитуваше спласнатиот вигор со кој дотогаш ги пееја песните. Пеењето пополека стивнуваше и орото сопре. Мажите се жалеа, но жените беа одлучни дека повеќе нема да пеат, па така сите се разотидоа. Останаа само децата, кои ги емитираа возрасните и пееја нешто по нивно. Гаи, продолжи да лежи спрострен под сенката на малечко дрво.

Час подоцна, кога дури и децата се прибраа назад во домашното огниште, за да им се придружат на родителите кои беа уморени од играњето и дремеа исполегнати, Гаи одново дојде при себе, стана, си го избриша лицето и зачекори дома за да спие, до жена си, покрај огнот.

Извадок од книгата The Harmless People на Елизабет Маршал Томас

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s